Дожд, грмежи, ветер – намалени температури од денес во Македонија


Променливо облачано, пороен дожд, грмежи и засилен ветер најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи до петок.

Во Македонија во среда претпладне ке биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици и ветровито. Ке дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува засилен североисточен ветар. Утринските температури ке се движат од 12°C  до 23°C, а максималните дневни ке достигнат до 23°C односно до 35°C. Ув индекс 7.

Во Скопје во среда претпладне ке биде претежно сончево со локална облачност, попладне нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ке дува засилен северозападен ветар. Утринската температура од 21°C ,  а максималната дневна ке достигне до 33°C . Ув индекс 7

Во четврток во Македонија ке биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд и грмотевици. Пообилни врнежи се очекуваат во северозападните и западните предели. Ке дува  слаб северен и северозападен ветар, а во западните предели ке дува слаб североисточен ветар. Утринските температури од 13°C до 22°C, а максималните дневни ке се движат од 22°C до 34°C. Ув индекс 7.

Во петок претпладне ке бидепретежно сончево и топло. Попладне нестабилно со можност за локални  врнежи од дожд ке има во западните и југозападните предели. Ке дува  слаб северен и северозападен, а во западните предели слаб североисточен ветар. Утринските температури од 14°C до 22°C, а максималните дневни ке достигнат до 25°C односно до 36°C. Ув индекс 8

Од сабота стабилизирање на времето и пораст на температурите. За викендот следува сончево и топло време.

Извор – weather4all.com.mk

Tags: , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1