Дожд, ветер и магла – еве какво време не очекува наредната недела


Во Македонија во понеделник во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 20°C до 30°C, пишува во неделната анализа специјализираниот портал за временска прогноза Weather4All.

Во вечерните часови ќе има појава на магла.

nevreme-beograd-foto-citalac-kurira-1405519630-535975Во Скопје во понеделник ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 16°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 27°C.

Во вторник во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 9°C до 17°C, а максималните дневни температури од 21°C до 31°C.

Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла.

Во среда во утринските часови ќе има појава на магла. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне услови за нестабилност со локални врнежи од дожд ќе има во северозападните, западните, југозападните како и во североисточните и источните предели. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од 9°C до 17°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23°C односно до 33°C. УВ индекс 5.

Во вечерните часови и во текот на ноќта со услови за појава на магла.

Во четврток во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува југозападен ветер. Утринските температури од 10°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 23°C до 33°C. УВ индекс 5.

Во петок во утринските часови понекаде ќе има услови за појава на слаба магла. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во југоисточните предели со услови во текот на целиот ден да биде претежно сончево со локална облачност без врнежи од дожд. Ќе дува јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат 11°C до 19°C, а максималните дневни температури од 20 од 30 степени.

Нестабилното време со врнежи од дожд ќе продолжи и во деновите од викендот. Во сабота и во недела ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 21°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18°C односно до 28°C.

Lider

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1