За време на Велигденските празници времето ќе биде облачно со дожд и засилен ветер. Врнежите ќе почнат од петок ноќта кога се очекува повремен пороен дожд и засилен северозападен ветер, а во јужните делови ќе има појава на нестабилност и грмежи.
Врнежливо ќе биде и во сабота, а веќе од недела врнежите ќе престануваат.
До среда времето ќе биде претежно сончево со дневни температури во пораст, а во четврток се уште топло, но со зголемена облачност и услови за локален дожд.