Нај­сек­си ро­би­ја­шот и нас­лед­нич­ка­та на „Топ­шоп“ го че­ка­ат прво­то дете


Си­но­о­ки­от зат­во­ре­ник Џе­ре­ми Микс, кој от­слу­жи каз­на за по­се­ду­ва­ње оруж­је и ста­на поз­нат ка­ко нај­сек­си ро­би­јаш во све­тот, со сво­ја­та де­војка, бо­га­таш­ка­та Клои Грин, го оче­ку­ва­ат нив­но­то прво дете.

Џе­ре­ми и Клои се за­ед­но неш­то по­мал­ку од ед­на го­дина. Три­е­сет и че­ти­ри­го­диш­ни­от Микс по от­слу­жу­ва­ње на зат­вор­ска­та каз­на ста­на мо­дел и чес­то мо­же­ше да се за­бе­ле­жи на го­ле­ми мод­ни слу­чу­вања. Тој, ис­то така, ја ос­вои и 27-го­диш­на­та Грин, ќер­ка на бри­тан­ски­от ми­ли­јар­дер и соп­стве­ник на мар­ка­та „Топ­шоп“, за ко­ја чес­то се пи­шу­ва де­ка е раз­га­лена.

Нас­лед­нич­ка­та на цар­ство­то „Топ­шоп“ не ште­ди ко­га е во пра­ша­ње неј­зи­но­то момче, а мно­губ­рој­ни лук­суз­ни за­ба­ви и од­мо­ри ста­на­ле дел од нив­но­то се­кој­дне­вие, по­ра­ди што поч­на да се збо­ру­ва де­ка Џе­ре­ми пла­ни­рал да ја ос­вои бо­га­таш­ка­та по­ра­ди рас­кош­ни­от на­чин на жи­вот, ка­ков што не­мал прет­ходно.

Из­во­ри блис­ки до двој­ка­та пот­врди­ле де­ка Клои и неј­зи­но­то ат­рак­тив­но мом­че го оче­ку­ва­ат прво­то дете, но не­ма ин­фор­ма­ци­ја во кој ме­сец од бре­ме­нос­та е бо­га­та­та де­војка.

Клои чес­то ис­так­ну­ва­ше де­ка са­ка што по­ско­ро да ос­но­ва се­меј­ство, а на­вод­но врската со по­ра­неш­ни­от зат­во­ре­ник ја бла­гос­ло­ви­ле и неј­зи­ни­те ро­ди­тели, кои на по­че­то­кот сме­та­ле де­ка Џе­ре­ми са­мо ја ис­ко­рис­ту­ва нив­на­та ќерка.

– Ди­зај­не­рот Фи­лип Плејн во ед­на при­го­да ор­га­ни­зи­ра ве­че­ра во рес­то­ра­нот „Меј Беј“ во Мо­нако, во мо­ја чест, а та­му бе­ше и Клои. Не знам кој ја ста­вил на лис­та­та на гос­ти таа ве­чер, но ми­ло ми е што бе­ше таму, за­тоа што по­доц­на се за­љу­бив во неа. Ни­ко­гаш не сум бил по­сре­ќен, и да не­ма па­ри в џеб, пов­тор­но би се за­љу­бил во неа – при ед­на при­го­да има из­ја­ве­но Џе­реми, кој со Грин ќе го до­бие сво­е­то тре­то дете.

Клои Грин по­ра­но бе­ше во врска со Марк Ен­тони, по­ра­неш­ни­от соп­руг на Џе­ни­фер Ло­пез.

Но­ва љу­бов, раз­делба

Вр­ска­та на Џе­ре­ми и Клои за­поч­на уш­те до­де­ка тој бе­ше во брак со ме­дицин­ска­та сес­тра Ме­лиса. Ме­дицин­ска­та сес­тра бе­ше пок­рај не­го во те­кот на не­го­ви­те зат­вор­ски де­нови, но под­дршка­та очиг­лед­но не ѝ се ис­пла­тила. Џе­ре­ми нај­прво бе­ше уло­вен ка­ко на лук­суз­на јах­та страс­но се бак­ну­ва со ќер­ка­та на бри­тан­ски­от ми­ли­јар­дер.

За тоа вре­ме Ме­лиса, со ко­ја Џе­ре­ми бе­ше во брак осум го­дини, јав­но та­гу­ваше. Таа то­гаш спо­де­ли емо­ти­вен пост на Ин­стаг­рам. Мај­ка­та на три де­ца спо­де­ли фо­тог­ра­фи­ја од по­чи­на­ти­от ле­ген­да­рен ра­пер Ту­пак, ко­ја гла­сеше: „Ни­ко­гаш не се из­ви­ну­вај за тоа кол­ку љу­бов мо­ра да да­деш. Са­мо жал ми е за оние што тоа не го са­каа.“

Ме­ли­са по­ба­ра раз­вод со по­ра­ка­та де­ка тоа што ѝ го нап­ра­вил соп­ру­гот е неп­рост­ливо.

Ре­ак­ции на јав­носта

Јав­нос­та вед­наш се ог­ла­си за вес­та де­ка Џе­ре­ми пов­тор­но ќе ста­не татко. Ед­ни не­го­ду­ва­ат де­ка без раз­ли­ка кол­ку и да е ат­рак­ти­вен, Микс си ја шут­нал же­на си и де­ца­та за дру­га жена, го на­ре­ку­ва­ат со пог­рдни збо­ро­ви и го кри­ти­ку­ваат. Други, пак, му се вос­хи­ту­ва­ат ка­ко од оби­чен зат­во­ре­ник, во жи­во­тот ус­пе­ал да се пов­рзе со не­кој што спие на пари. „Крал, ос­во­ју­вач на џек­пот…“, им­пре­си­о­ни­ра­ни се ко­рис­ни­ци на со­ци­јал­ни­те мрежи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1