Почина Драган Вучиќ – од компликации од корона вирусот


На Инфективната клиника во Скопје изутрината почина еден од најпрепознатливите лица на македонската забавна сцена. Естрадата го загуби Драган Вучиќ, телевизискиот лик долги години присутен на малите екрани.

Вучиќ во претходните денови бил во тешка здравствена состојба и бил приклучен на респиратор, по компликациите предизвикани од коронавирусот. Борбата за оздравување почнала пред 10-ина дена, откако тој дознал дека тој е позитивен на Ковид-19.
Тој се лекувал на Инфективната клиника, но состојбата нагло му се влошила вчеравечер.
Околу неговиот случај се огласи и министерот за здравство, кој преку својот профил на Фејсбук упати сочувство на семејството на Вучиќ. Министерот напиша дека тој бил хоспитализиран пред 8 дена со многу тежок наод на белите дробови.

-“Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските”, напиша Филипче.
Веста изутрината ги потресе неговите пријатели, колеги и познаници. Тие преку социјалните мрежи се простија од Вучиќ, сите со своја приказна во која заедничко е дека си заминал човек со големо срце.
Драган Вучиќ е роден 1955 година. Препознатливоста ја стекна најпрвин како пејач, а се јавува и како композитор на голем број од хитовите на македонската поп сцена. Кариерата на телевизиски водител, која исто така ќе остане негов заштитен знак, ја почнува во ТВ Сител и емисијата “Вашите пет минути”.
Во изминатите години беше автор на голем број на телевизиски проекти. Плодната кариера ја заврши со емисија која опфаќаше и пејачи, актери и уметници од балканските земји.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1