Снимањето на новогодишната програма на ТВ Хепи, Драгана Мирковиќ за малку ќе ја чинело живот, и тоа буквално!
Десетина секунди откако пејачката се симнала од сцената, од таванот на студиото се откачила голема диско топла и паднала на местото на кое стоела Драгана.
Фала му на Господ, сите то бевме на сцена сме здрави и живи. Никој не е повреден. Беше застрашувачко кога падна топлата, баш на местото на кое стоев неколку секонди пред тоа. За моја среќа, се тргнав затоа што ми сметаше еден рефлектор. Мојата среќа и интуиција ме спасија. Верувам дека металната конструкција која ја држела топката попуштила, друго објаснување немам, раскажала Драгана, која после шокот, откако си дошла при себе, продолжила со снимање.