Се судрија два авиони над Франкфурт (Фото)


До сударот дошло денеска попладне, во близина на градчето Фелфершај, во близина на Франкфурт До несреќата дошло во моментот кога почнало да се замрачува.

Во сударот на двата мали авиони животот го загубиле 7 лица, патници во двата авиона, нема преживеани.

Според изјавите на сведоците авионите буквално се судриле со ,,носевите,, а дека сударот бил директен потврдија и од авио контролата.

Среќа во несреќа е што по стравичниот судар авионите паднале во поле во близина на Франкфурт, па се избегнати евентуални жртви на земјата.

,, Не сакам ни да помислам што ќе се случеше доколку паднеа во населено место,, изјавил шефот на полицијата.

Како што пренесува АП се уште не се знае во чија сопственост биле авионите и кои биле патниците во нив. Истрагата е во тек.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1