Драма: Им се откачи сајла, двајца перачи на прозорци висеа на највисоката зграда


Двајца перачи на прозорци висела час и половина во гондола на 48 чат од ДЦ Тауер, највисоката зграда во Виена во Австрија, откако попуштила една од двете сајли кои ја држеле гондолата.

Инцидентот се случил вчера околу 13 часот, а двајцата мажи останале заробени на висина од 144 метри. Акцијата за спасување ја отежнуваше силниот ветер кој повремено ја нишаше гондолата од една на друга страна.gondola-dc-tauer-bec-1407059334-545063

gondola-dc-tauer-bec-1407059406-545065

На самото место пристигнаа 30 пожарникари кои низ отворите за вентилација успеаа да дојдат до работниците. Откако прво ги врзале со сигурносни сајли, пожарникарите успеаа да ги повлечат мажите во зградата. Работниците не се здобиле со физички повреди, но еден од нив бил во состојба на тежок шок.

По спасувањето, пожарникарите со додатни сајли ја осигурале гондолата, за да ја спуштат на тлото.

ДЦ Тауер е висок 250 метри, и се наожа во 22. виенска општина.

dc-tauer-bec-1407059392-545067

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1