Драма: На авионот му паднало тркалото пред слетување – па буквално “треснал” на пистата


Вистинска драма се одвивала денес на аеродромот во Јоханесбург. На авионот на “British Airways” му отпаднало тркалото кратко пред слетувањето.avion krilo avion-incident-johanesburg-03

Благодарение на присебноста на пилотот, авионот сепак успеал да слета и никој од патниците и од членовите на екипажот не бил повреден. Во моментот на инцидентот во авионот имало 94 патници.

Авионот сепак успеал да слета на пистата, но силно удрил на земјата па се скршило едно од крилата. На местото на настанот веднаш пристигнале пожарникари, но до пожар, за среќа, не дошло.

“Потврдуваме дека никој не е повреден. Патниците се во зградата на аеродромот и сите служби им се на располагање. Инцидентот се случил по проблем со тркалата при слетувањето”, соопштиле од “British Airways”, пренесува Daily Mail.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1