Вчера во 21.00 часот во хотел во Прилеп, за време на прослава на полуматура од основното училиште „Климент Охридски“, непознато лице се обидело со остар предмет да го нападне наставникот С.Ј. (61) од Прилеп.
Сторителот се качил на терасата и му се заканил на наставникот, кој седел на една од масите на терасата, дека ќе го избоде со нож.
Тој бил спречен од присутните, по што наставникот влегол во салата од хотелот. Во тој момент сторителот потрчал по него со шилест предмет во раката.
За да се заштити, С.Ј. турнал столица накај лицето, по што бил совладан од обезбедувањето во салата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.