Драма на словенско-хрватската граница: Семејства раздвоени, децата плачат!


Нова голема драма се одвива на хрватско-словенската граница. Словенците се бавни во пропуштањето на бегалците, сакаат да ги евидентираат баш сите, па се создала голема нервоза, пишува „Независне новине“.

Поради давање предност на жените и децата, семејствата се раздвоени. Децата и жените плачат, мажите викаат.deca-650x396

Се дополнително ескалирало кога телевизискиот снимател на Агенцијата АП, инаку Американец, од словенската страна им пришол на полицискиот кордон и го пробил за да влезе меѓу бегалците. Полицијата на место го соборила и го уапсила.

Министертсвото за внатрешни работи на Хрватска објави нови бројки за бегалците во оваа земја.

До 11 часот денеска во земјата влегле 20.737 бегалци. На граничниот премин Товарник се наоѓаат повеќе од 2.500 бегалци.

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар побарала помош од Европската Унијаво решавањето на бегалската криза.

Премиерот Зоран Милановиќ остро се спротвставил на идејата која во неколку наврати ја посочила Грабр, а тоа е да се испрати војска на границата.

Тоа би значело убвање на луѓе, истакнал тој.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1