Смрт во живо: Доби смртоносен нокаут – Почина 22 годишен боксер (ВИДЕО)


Мзванеле Комполо, боксер од Јужна Африка почина по нокаут во двобојот со Сифенати Кампија, соопшти јужноафриканското Министерство за спорт.image_1442682594_92

Комполо, боксер на дваесет и две годишна возраст во вторникот бил нокаутиран во првата рунда, по што колабирал. Тој веднаш бил однесен во болница, но лекарите не успеале да му го спасат животот.

Ова е втор трагичен случај во боксерски ринг во Јужна Африка во текот на оваа година. Во октомври поради излив на крв во мозокот почина и боксерот Финдиле Мвалес.

Пред два дена како последица на нокаут почина боксер во Австралија поради што тамошната Медицинска асоцијација побара забрана на овој спорт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1