Драма на Велешко: Куче касна 11 год девојче од Холандија – немало кој да и даде инекција


Девојче од Холандија било каснато од куче , а испаничените родители, кои на пропатување застанале да се одморат, не можеле да добијат лекарска помош. Од болницата велат дека состојбата не била толку тешка, а за настанот била известена и Холандската амбасада во Скопје.

kuceЕдинаесет годишната Јована, ќерка на семејството Гостимир, ја каснало куче во ресторан на велешко езеро. Тоа се случило на крајот на семејната вечера кога девојчето одело кон тоалетот. Тие порано живееле во Македонија но сега живеат во Холандија и велат дека се  изненадени од односот на сопственикот на ресторанот чија реакција била како ништо сериозно да не се случило.

„Сопственикот никако не постапи, немаше ни чувство ни чувство ни грижа за нас, ниту ни укажа некоја помош да не згрижи, да ни помогне. Едноставно арогантно се однесуваа и го скрија кучето на терасата на ресторанот“ – вели таткото на Јована, Анѓелко.

Анѓелко вели дека втората непријатност со која се соочиле истата вечер била во велешката болница. Прво ги шетале од детско на инфективно одделение и потоа им кажале дека немаат дежурен инфектолог по што побарале детето да го донесат наредниот ден за да  прими серумот против тетанус. Тој признава дека ги фатила паника бидејќи  се посомневале дека  кучето не било вакцинирано.

„Дека ќе се јавиме во Холандска амбасада дека е потребен серум и не можеме да чекаме 24 часа оти е каснато а незнаевме дали кучето е вакцинирано и не добивме никакви документи од газдата па моравме така да реагираме за детето да се вакцинира“ – вели тој.

За случката семејството Гостимир пријавиле во полиција и побарале помош од амбасадата на Холандија. Тие најавија приватна тужба против сопственикот на ресторанот. Во болницата знаат за овој случај. Од таму рекоа дека го разбираат стравот на семејството но паниката била беспредметна бидејќи серумот можел да се прими во рок од 24 часа. Од велешката полиција најавија расчистување на случката по што ќе поднеле прекршочна пријава против сопственикот на ресторанот.

Канал 4

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1