Станови, автомобили, автобуси по поволни цени – УЈП распродажба


Станува збор за движен и недвижен имот кој е запленет од фирми кои не можеле навреме да го платат данокот и некои од понудените предмети се ставени на аукција по прв пат, а некои се нудат и повеќе од 30 пати
Денеска во Управата за јавни приходи од 11 до 13 часот на аукција ќе се продаваат два станови, три автомобили, автобуси, цистерни, шанк-столчиња, кафемати, ледомати, фрижидери, гарнитури, па дури и томограф, како и други предмети што јавно се огласени за продажба на веб сајтот на УЈП. Станува збор за движен и недвижен имот кој е запленет од фирми кои не можеле навреме да го платат данокот и некои од понудените предмети се ставени на аукција по прв пат, а некои се нудат и повеќе од 30 пати.

Според огласот, од недвижните ствари на аукција се ставени два стана на улица Козара” во Скопје и тоа едниот кој е со површина од 51 квадратни метри се нуди со почетна цена од 2,4 милиони денари (39.500 евра), а другиот стан кој има 33 квадрати е со проценета вредност од 1,6 милиони денари (26.000 евра). Од движните ствари на аукција се ставени автомобил пунто” од 2002 и сеат” од 2003 година и за двата почетната цена е 102.000 денари (1.660 евра). Се нуди и пежо” од 2008 година со почетна цена од 663.000 денари (11.000 евра). На продажба се ставени и два автобуси марка ТАМ, но за нив УЈП нема ставено почетна цена.

Од другиот движен имот на аукција има ставено и еден томограф од 3.060 килограми за кого по 19 пат се бара некој да ја плати минималната понудена цена од 2,5 милиони денари (41.000 евра). Се нудат и јакни, ракавици, елеци за вода, кациги, греалки, масажери, столчиња на расклопување, автоделови за возила и други поситни предмети. Интересно е што по 34 пат на аукција се нудат и 15 влекачи сканиа” и четири цистерни за превоз на плин, запленети од даночен обврзник од Богданци.

Според условите на јавната аукција, за учество на јавното наддавање мора да се уплати депозит од 10% од проценетата вредност на предметот, кој потоа им се враќа ако не е прифатена понудата.

Вечер

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1