Драма по полноќ во Скопје: Го претепале со метални палки


Во 03 часот и 30 минути било пријавено дека половина час по полноќ 29-годишниот скопјанец Д.С. на булеварот „Александар Македонски“преживеал хорор. Додека скопјанецот се движел пеш со неговите пријатели и пристигнале на паркингот каде биле паркирани нивните возила, забележале две возила од кои излегле неколку непознати лица. Кон Д.С. тргнале три лица од кои едното имало метален предмет во рака, при што почнале да го удираат во пределот на главата и телото по што избегал од местото на настанот и побарал лекарска помош во ГОБ- “Св. Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани телесни повреди.policija centar nokj

Меѓу напаѓачите бил забележан А.В. За време на целиот настан истиот забележал дека лицата физички ги нападнале и неговите пријатели, но не бил во можност поединечно да забележи кој од нив бил удрен, по што истите се разбегале во различни правци.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1