Драма во Битола – Расчекор: Тепал полицаец, а потоа другарите дошле да го „ослободат“ од станица


Синоќа околу 02:30 часот во Битола во кафе-барот “Расчекор”, Ѓ.Т.(34) од Битола кој бил во друштво со уште три лица и бил видно под дејство на алкохол почнал насилнички да се однесува, нарушувајќи го  јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување, соопштуваат од МВР.

policija 3

-Во непосредна близина до него седел полициски службеник, кој се легитимирал, повикувајќи го истиот да се повлече и да престане со таквото однесување. Во тој момент, Ѓ.Т. се доближил до полицискиот службеник и му упатил сериозни закани, а  потоа со тупаница му задал еден удар во пределот на главата, нанесувајќи му телесни повреди. Тогаш гостите во паника почнале да бегаат од кафе барот, а Ѓ.Т. бил  лишен од слобода и задржан во СВР-Битола, каде му било извршено алкотестирање, при што е утврдено присуство на 2.83 промили алкохол во крвта.  Околу 03.00 часот во СВР-Битола дошле М.Ј.(33) и Ј.К.(27) двајцата од Битола, кои побарале да го земат Ѓ.Т., по што почнале да ги навредуваат присутните полициски службеници, а откако било побарано од истите да се легитимираат, одбиле и во еден момент се обиделе да им нанесат удари со раце. Лицата се лишени од слобода и извршено е алкотестирање при што кај М.Ј. е утврдено 2,66 промили, а кај Ј.К. е утврдено 1.63 промили алкохол во крвта. Од страна на ОС-Битола на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена- соопштуваат од МВР.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1