Драма во Делчево: 4 годишно дете нападнато додека си играло


Татко на четири годишно момче вчера попладне пријавил во полиција дека во Делчево на местото викано „Голем рид“, над игралиштето во нас.Стрелиште, без повод и причина физички бил нападнат од лицето А.А..

-Според пријавителот, неговиот син заедно со други деца седеле на наведеното место. Во наведеното време дошол А.А. и почнал да го удира детето, по што му ја свиткал раката, а го удирал и по грбот. Тогаш дошол Ј.А., братот на А.А., и за момент успеал да го фати и спречи А.А. во нападот, но овој се отргнал и повторно почнал да го удира детето, информираат од полицијата.

На местото дошла и сопругата на Ј.А. и на висок тон се обратила кон А.А. да престане да го тепа детето, по што започнала расправија помеѓу браќата.

Полициската станица во Делчево презема мерки и активности за целосно расветлување и документирање на настанот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1