Во Гостивар на ул.„Светозар Пепоски“ бб, додека Б.Е.(1992) од с.Чајле-Гостивар се движела по улицата, и се доближило непознато машко лице кое управувало моторцикл непозната марка и рег.таблици и истото и се обратило со навредливи зборови.
Б.Е. се уплашила и се дала во бегство по наведената улица кон зграда бр.53, по што почнала да се качува на дрво, но во еден момент паднала на земја и се здобила со тешки телесни повреди (скршеници на двете нозе).
Со возило на Брза помош, била пренесена во МЦ-Гостивар, од каде по укажаната лекарска помош е пренесена и задржана на лекување во УЦ-Скопје.
Увид на лице место извршила екипа од полициската станица -Гостивар.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.