Тажен детски поглед- фотографијата која ја расплака Србија


Србија вторпат годинава ја погодија поплави поради кои беа евауирани цели села во Источна Србија, а многу семејства останаа без покрив над главата.

Во селото Бољетин, кое исто така беше силно погодено од поплавите, новиот дожд го успорува расчистувањето на теренот.dete-pogleddd

Помошта доаѓа од војската во Србија која ги расчистува поплавените куќи. На социјалните мрежи се појави фотографија која ја расплака цела Србија, а на која се гледа како едно момче од пет години бутка количка и помага во расчистувањето.

– Што да се каже, а да не се заплаче? Додека одев по селото, случајно го видов момчето кое гордо помага да се расчисти неговиот дом. Морав да го фотографирам – изјави Даниел Докиќ, автор на фотографијата.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1