Слободан Праљак, еден од обвинитетите во случајот „Прлиќ“ испил, според неговиот адвокат, отров во судницата на Трибуналот, откако му е потврдена казна затвор од 20 години.
Во моментот прекинато е читањето на пресудата.
Праљак по изрекувањето на пресудата извика дека ја отфрла пресудата и оти не е воен злосторник, по што отпи од мало шишенце.
Советот првично продолжи да ја чита пресудата, но некој во судницата повика дека во прашање е отров и читањето е прекинато.
Претходно, Жалбениот совет на Хашкиот трибунал потврди казна од 25 години затвор за Јадранко Прлиќ, како и 20 години затвор за Бруно Соиќ