Главниот автопат во Италија вчера неколку часови бил затворен кај Милано по неуспешен обид за голем вооружен грабеж
Сообраќајот на автопатот А1, на 30 километри југоисточно од Милано бил блокиран во двете насоки откако вооружени лица запалиле неколку возила, а на коловозот фрлиле шајки за да го запрат движењето. Бандата се откажала откога оклопно возило со пари што сакале да го ограбат, успеало да им избега.
На надлежните им биле потребни неколку часови да го расчистат хаосот за да профункционира сообраќајот.
– Полицијата трага по осум луѓе, можеби девет, изјавил државниот обвинител Винчензо Русо за агенцијата АНСА и додал дека во текот на обидот за грабеж имало пукотници, но никој не бил повреден.
Во април годинава, на сличен начин на автопатот кај Милано бил извршен грабеж на 10 милиони евра.