Турските лекари му го спасија животот на битолчанчето кое испи отров


Како што информираат од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, неговиот живот е спасен од искусните лекари на најпознатата педијатриска болница во Истанбул – Турција, а сите трошоци за лекување ги подмири државата

Трагичната семејна драма во која четиригодишно дете од Битола се напи корозивно средство, кое му го изгоре хранопроводникот, по што тоа со денови се бореше за живот, на крајот доби среќен епилог. Неговиот живот е спасен од искусните лекари на најпознатата педијатриска болница во Истанбул – Турција.dete pie

Како што информираат од Фондот за здравствено осигурување на Македонија детето од 22 ноември годинава е пуштено на домашно лекување, во добра здравствена состојба, но со препорака дека треба да има посебен режим на исхрана.

-Сите трошоци за детенцето се на товар на државата и од Фондот се пресреќни што по две успешни интервенции на хранопроводникот во турската болница детето се чувствува добро и во солидна здравствена состојба се враќа во родниот крај-информираат за Вечер од оваа здравствена институција.

Додека го чекаа опоравувањето на детенцето, вработените од Скопската клиника за уво нос и грло се уште не можат да се соземат од семејната драма која се случувала на почетокот на овој месец. Заради невнимание на родителите, детето кое сакало да се напие вода се напило од средство за миење садови и за чистење на рерна.

Како што објасниле родителите од јаката хемиска состојка и силна болка тоа започнало да вришти и за неколку секунди настанал хаос во нивниот дом. Детето повраќало, од болка плачело и се борело за воздух.

Родителите во паника со сопствено возило се упатиле кон болницата во Битола, а притоа по патот им се случила и сообраќајна несреќа, при што во коматозна состојба сите биле примени во битолската болница.

Лекувањето на детето се одложило за неколку дена, при што состојбата му се влошила и било транспортирано на Универзитетската клиника за уво, нос и грло во Скопје, која е референтен центар во државава за третман на оваа патологија.

По примањето на детето, лекарите деноноќно се бореле за неговиот живот. Но заради ризичната состојба, по препорака на лекарите од Клиниката за детска хирургија и со одобрување од Фондот за здравствено осигурување, детето со изгорен хранопроводник итно е пренесено на лекување во Турција.Во болницата во Истанбул направиле се што е во нивна можност, а резултатот е спасен детски живот.

Искуството на македонските лекари покажува дека дваесетина дечиња годишно без да сакаат се трујат од разни хемиски препарати. Токсиколозите велат дека многу е важно за какво средство станува збор, во која количина е испиено и дали навреме се интервенира. Тие предупредуваат дека труењата со корозивни средства се многу тешки, бараат долг третман и скапо лекување. Кај некои дечиња за жал остануваат и доживотни последици.

 

Вечер.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1