Драма во Итната Помош: Пациентка тешко повреди доктор


Лекар од Итната помош во Ниш е тешко повреден откако го нападнала пациентка. Се работи за В.Ј. кој синоќа бил нападнат од страна на 40-годишна пациентка. Таа најпрво почнала да му се заканува, а потоа физички го нападнала истиот.brza pomos belgrad srbija bolnica
Лекарот според податоците на српскиот Курир се здобил со тешки повреди на главата и расекотини на раката. Докторот го нападнала бидејќи не била задоволна од терапијата, заедно со своите родители со кои била на местото на настанот.

Инцидентот се случил во 2 часот по полноќ кога Итната помош веднаш пристигнала кај жената за да пружи помош.

Ова е веќе втор напад на вработени во Итната помош во Ниш.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1