Ел Чапо: Останал без вијагра и сопругата не го посетува


Мексиканскиот нарко-бос Хоакин Ел Чапо Гузман не е задоволен од враќањето во затворот „Алтиплано“ од кој минатата година на спектакуларен начин побегна.

el-capo-macenje-zatrobeniciПостојат неколку причини за тоа. Наводно, Ел Чапо не добил ниту една таблета „вијагра“ откако е вратен во затворот, поточно од 8 јануари.

Пред бегството имал право и на брачни посети во траење од четири часа, а сега и тие му се укинати, па поради тоа пред една недела поднел ново барање.

Исто така, пред неговата ќелија се наоѓаат по двајца чувари коишто го следат деноноќно, а останал и без телевизорот.

За да се избегне труењето со храна пред секој оброк прво куче ја испробува храната, па дури тогаш му се проследува на Ел Чапо.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1