28 годишен скопјанец се бори за живот откако попладнево некаде околу 17 часот се фрлил од 4 спрат на зградата на улицата Трифун Пановски во скопски Карпош3.
Како што дознава Press24 Од полициски извори, 28 годишниот Б.И. по претходна караница со својата 26 годишна вереница Н.З. Се обидел да ја фрли од терасата. Откако не успеал сам скокнал. Со тешки телесни повреди веднаш бил префрлен во Клиничкиот центар, од каде информираат дека е приклучен на апарати за респирација.
Полицијата ја потврди информацијата. Велат дека е извршен увид по што се најавува целосно расветлување на случајот