Драма во Кавадарци: Возило се запалило во движење-возачот го спасувал семејството


Во центарот на Кавадарци синоќа се запалила „застава 101“ во движење. Како што информира територијалната противпожарна единица, повредени нема, а екипите кои пристигнале веднаш по повикот, успеале да го изгаснат огнот.

Оштетени се делови околу моторот на возилото и предната внатрешна страна.zapaleni avtomobili

– Добивме повик за запален автомобил и отидовме на новиот кружен тек во градот најбрзо што можеме. Вистинска драма се случуваше таму. Возачот гледал да си ги спаси двете деца и сопругата, па кога видел дека избил пожар, најбрзо што можел ги извадил од автомобилот и сите застанале на пристојна далечина, гледајќи како гори возилото, соопштија од противпожарната единица.

Интервенирано било со едно возило и двајца пожарникари.

– Ако возилото вреди околу 500 евра со оглед на тоа што е постаро, тогаш, според првичните проценки, штетата е околу 200 евра. Најважно е сепак, што никој не е повреден, нагласија од противпожарната служба со апел, возачите да внимаваат особено ако нивните автомобили користат плин.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1