До заби вооружени албански специјалци во овој момент ги напаѓаат Србите на влњезот во Зубин Поток и кај клисурата и се обидуваат да влезат во тоа место, изјавил директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија.
Тој рекол дека екстремисти, преоблечени во полициски униформи на РОСУ, во Зубин Поток напаѓаат недолжни и невооружени граѓани, оценувајќи ја ситуацијата како крајно драматична.
-РОСУ упадна на северот од Косово, од 6 часот се забележани повеќе колони до заби вооружени со албански единици, кои влегоа на територијата на 4 општини. Се слушаат пукотници, има повредени. Извесно е дали сепаристите сами ја извеле оваа акција, или имаат дозвола од своите спонзори. Претседателот Вучиќ предупреди на вакво сценариот, ја молевме меѓународната заедница да спречи упад на косовските сили, да спречи апсење на Срби, ова е нивен срам, срам на земјите на Квинт кои ништо не преземаа да не дојде до ова – рекол Ѓуриќ во утринскиот програм на РТС.
-Албанските екстремисти ова го направија за да ги заплашат нашите луѓе и ако е можно да предизвикаат паника, па со апсење за кои зборувавме претходните денови и кое го најавивме, да создадат клима за невозможен живот во Косово за Србите. Екстремистите и сепаристите посегнаа по најстрашните методи, а со согласност на меѓународните заедници. Ова претставува играње со мирот на тој простор, со цел Срби да нема повеќе на тоа место – заклучил Ѓуриќ.