Драма во Крагуевац: Избркале 5 деца на улица, таткото се полил со бензин


Невработениот Драган Арсенијевиќ од Крагуевац, татко на пет малолетни деца, се полил вчера со бензин и се заканувал дека ќе се самозапали ако извршителите го иселат од неговата куќа.

Таткото е однесен во болница, а децата и мајката се кај роднини.dramakraguevacc

По првата драма, асистирала полицијата, пожарникарите и Итната помош. Тој  префрлен е на Психијатрија. Поради долг од 4.600 евра останал без куќа која вреди 40.000 евра.

Неговата сопруга Сања од вчера е на улица заедно со децата.

– Се започна кога мојот свекор почина. Тргуваше со стока. Се појавуваа луѓе кои ни бараа пари. Се продадовме, два автомобили и останатиот имот кој го имавме. Но долгот не можевме да го подмириме. Куќата која е на прадедото на мојот сопруг два пати беше на лицитација, никој не се појави, а потоа дојдоа извршителите на врата, раскажува низ солзи Сања.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1