Драма во куќата на Срѓан Керим – Маскирани крадци ја исклучиле струјата и се обиделе да го ограбат


Министерството за внатрешни работи соопшти дека во домот на Срѓан Керим, пет минути пред полноќ се одвивала вистинска драма.kjerimВо неговиот дом во населбата Горно Нерези снемало електрична енергија. Во истиот миг на вратата затропале три лица со маски на главата. Тогаш во домот покрај 65-годишниот Керим биле и неговата десет години помлада сопруга С.Л.К, нејзината мајка и уште три лица.

Тие ја отвориле вратата и лицата влегле внатре со намера да ги ограбат. Во целиот хаос една од присутните успеала да го активира алармот во куќата. Кога го чуле, разбојниците избегале во непознат правец.

Никој од семејството Керим и од гостите не бил повреден. Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1