ДРАМА ВО МОСКВА: Закана за терористички напад – евакуриани над 10.000 луѓе од трговски центри


Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани од трговски центри во Москва по серија анонимни телефонски закани дека се поставени бомби, јави ТАСС, повикувајќи се на извор во полицијата.

Во некои трговски центри продолжува евакуацијата.Moskva

Евакуирани се луѓе од сите девет хипермаркети „Ошан“ во рускиот главен град како и од комплекс во близина на Црвениот плоштад.

– Специјалните служби и полицијата исто така вршат проверка во зградата на претседателската администрација на Русија во центарот на Москва, изјави неименуван полицикси извор

Евакуиран е и трговскиот центар ГУМ, главна туристичка локалција на Црвениот плоштад поради закана од поставена бомба.

На социјалните мрежи објавени се фотографии од евакуацијата на трговскиот центар „Мега Балаја Даша“, источна МОсква. Очевидци тврдат дека евакуирани се и трговските центри „гагарински“ во југозападниот дел од градот како и „Кунцево Плаза“ во западниот дел од Москва.

Се уште нема официјално соопштение за тоа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1