ДРАМА ВО НЕГОТИНО: Тинејџер им се заканувал на родителите дека ќе ги заколе со нож!


Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе обвинителен акт против едно лице на возраст од 18 години во Неготино поради постоење на основано сомнение дека извршило кривично дело Загрозување на сигурноста на неговите родители.

noz

-Имено, обвинетиот на 19 јануари се довел во состојба на раздразнетост и вознемиреност со користење на метадон, по што извадил нож со сечиво од 20 сантиметри и на сопствените мајка и татко, со кои живеел заедно, им се заканил дека ќе ги убие. Обвинетиот подолг период вршел семејно насилство врз своите родители и бил долгогодишен зависник од наркотични средства. Извесен период во 2013 година престојувал и на Клиниката за психијатрија во Скопје, а од стручниот тим на Центарот за социјални работи бил оценет како опасна личност, на кој е потребно да му се изрече мерка Задолжително лекување на алкохоличари и наркомани, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Заради сите овие причини, надлежното обвинителство му предложи на Основниот суд во Неготино за обвинетиот да определи и мерка притвор, а побара и да се изврши претрес во неговиот дом поради основано сомнение дека крие психотропни супстанции кои ги употребува и ги продава.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1