СООБРАЌАЈКА ВО АЕРОДРОМ: Загина едно лице, со автомобил удрило во знак


Сообраќајна несреќа во која маж го загуби животот се случила денес околу 11 часот во скопски Аеродром.

Од полицијата за Курир велат дека на крстосницата од ул„3-та Македонска Бригада“ и ул.„Коста Новаковиќ“, 58-годишниот Томе А. изгубил контрола над автомобилот „Цитроен“  по што удрил во сообраќаен знак.

urgenten brza pomos klinika

Екипите на итната медицинска помош кај Томе можеле само да ја констатираат смртта. Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Како што неофицијално дознаваме, скопјанецот починал пред ударот со автомобилот, но точните причини за тоа како настанала смртта ќе бидат познати по одбукцијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1