Драма во Ниш: Ја држел сопругата како заложник во игротека, полицијата едвај ја спаси


Вистинска драма се одвивала во игротека во Ниш кога 55-годишниот Ненад ја држел својата поранешна сопруга М.М. како заложник.

Драмата почнала синоќа околу 22 часот кога Србинот успеал да ја намами поранешната сопруга да се најдат на улица, по што ја удрил неколку пати и ја внел во игротеката. Вооружан се заканувал дека ќе ја убие и ќе ја остави својата малолетна ќерка без мајка.policija srbija

Заедно биле петнаесет години и имаат едно дете. Откако се разделиле постојано ја вознемирувал. Синоќа граѓаните кои посведочиле на ужасот веднаш повикале полиција.

Киднаперот се заканувал дека ќе ја убие и жената и себе, а полицијата морала да преговара, да интервенира со шок-бомби, а за среќа со нивната умешност успеале да спречат трагедија.

Граѓаните велат дека полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот и со синхронизирана акција успешно ја спасиле 53-годишната жена, пренесува АЛО.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1