Драма во Шпанија: Пилотот умрел, жена се обидела да преземе контрола, но безуспешно…


Пилотот кој управувал со малиот авион се онесвестил, па починал. Неговата сопруга иако немала никакво искуство со управување на авиони, се обидела да ја преземе контролата врз леталото но безуспешно – авионот се урнал, а таа е тешко повредена – пишува Гардијан.420413avion02f

Сопружниците требало да слетаат во близина на Севилја. Но во текот на летот на пилотот му се слошило и починал!

Неговата сопруга која често пати летала со авион, сепак немала никакво искуство во пилотирањето.

Од контролата за летање и помагале како да го спушти леталото, ја храбреле дека нема да се урне, дури испратиле и хеликоптер и авион да го наведуваат малиот авион до пистата. Но попусто – авиончето се урнало на три километри од почетокот на пистата на аеродромот во Севиља.

– Пилотот умрел веројатно од несреќа во текот на летот. Жената која потоа се нашла во улога на пилот има опекотини и повеќе контузии по уривањето на авионот – вели портпаролот на Службата за вонредни ситуации.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1