Во Основниот суд во Охрид вчера нарушен е јавниот ред и мир при што едно лице се здобило со удари со тупаници во пределот на главата.
Настанот се случил околу 15 часот во една од судниците во Основниот суд на завршетокот на судската расправа.
Во еден момент, еден од адвокатите присутен во судницата го нападнал својот колега нанесувајќи му неколку удари со тупаници во пределот на главата. Судската полиција го спречила нарушувањето а подоцна повредениот побарал лекарска помош.
СВР Охрид презема дополнителни мерки за целосно расветлување на случајот.