Тешка шлаканица за Хрватска: Унгарија на полноќ ја “запечати” границата – мигрантите кон Словенија


Унгарија од полноќ  ја затвори својата граница со Хрватска за бегалците и имигрантите од Блискиот исток, додека официјален Загреб најави дека овие лица чија цел е во прв ред Германија, ќе ги пренасочи кон Словенија.

Унгарската полиција објави дека по полноќ ги затворила границите само за имигрантите кои немаат соодветни документи, додека редовниот сообраќај преку легалните гранични премини ќе се одвива без пречки.granica-ograda-zica migranti

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека очекува унгарското затворање на границата кон Хрватска на минимум да го намали бројот на илегалните имигранти, како што тоа се случи при затворањето на границата кон Србија која е затворена пред еден месец и на која од унгарската страна е подигната четири метри висока заштитна ограда. Додаде дека се надева оти тоа ќе го намали и миграцискиот притисок кон Австрија и Германија, како и дека Австрија нема да мора да ја затвори својата граница кон Унгарија.

„Зелената граница е затворена, уште можете легално да ја минете границата и да барате азил“, рекол за AFP портпаролот на унгарската влада Золтан Ковач.

Во саботата, малку пред еден часот по полноќ, унгарските војници ја развлекле бодликавата жица преку неформалниот граничен премин од Хрватска во Унгарија кај местото Борово и го затвориле откако го минале и последните бегалци кои изминатата ноќ пристигнале со воз од Товарник. На тоа место се стационирани и припадници на унгарската војска од кои некои се под целосна воена опрема, пренесува агенцијата Hina.

Бидејќи илјадници бегалци секојдневно влегуваат од Србија во Хрватска, хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ изјави дека Загреб преминува на „Планот ц, имајќи предвид дека Унгарија ги затворила границите, како и дека „коридорот се свртува кон Словенија“.

„Имајќи ги предвид информациите за затворањето на унгарската граница, односно затворањето на прифаќањето на луѓето кои беа транзитирани кон Унгарија, коридорот го свртуваме кон Словенија“, изјави Остојиќ додавајќи дека со тоа Хрватска преминува на „Планот Ц“. Како што изјави за тамошните медиуми, со словенечката страна нема договор за „Планот Ц“, но додаде дека „сé додека Германија и Австрија ги примаат имигрантите, Словенците ќе го почитуваат приемот на луѓето кои ќе бидат затекнати во Хрватска и кои одат кон Шенген“.

Речиси 180.000 бегалци влегле во Хрватска во последните триесет дена, и речиси сите се префрлени кон Унгарија, од каде што го продолжуваат својот пат кон западна Европа, додека само минимален број дошле на хрватската граница со Словенија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1