Сашо Мијалков е во Скопје: “Пиштолот е легален и е во моја приватна сопственост”


Поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијаков, со своја изјава ја потврди случката на белградскиот аеродром, каде според објаснувањата на неколку српски медиуми, во неговата патничка торба бил откриен пиштол.

Сашо Мијалков, во изјава за порталот Пресс24, го потврдил настанот, објаснувајќи дека при тргнување на пат земал торба која што воопшто претходно не ја проверил. saso mijalkov 2
Пиштолот во торбата бил откриен на рентген на белградскиот аеродром. За случајот Мијалков дал исказ и објаснување, по што пиштолот е задржан, а Мијалков го продолжил своето патување.

Во однос на сите останати шпекулации и нејасни прашања, Мијалков потврдува дека се работи за пиштол во приватна сопственост, кој што го поседува со дозвола. Тој исто така изјави и дека не поседува никакво службено оружје од МВР, односно дека истото е раздолжено по завршувањето на неговата функција.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1