Драма во Црна Гора: Со јаже спасувале 19 туристи заглавени во кањонот Невидио


Црногорската горска служба рано утрвово спасила српски 19 туристи од кањонот Невидио.

Иако времето било лошо, туристите одлучиле да го посетат кањонот, без помош на стручни лица, по што се нашле во многу опасна ситуација, пренесуваат српските медиуми.kanjon500

Спасувачката акција траела цели шест часа, а туристите биле извлечени од кањонот во три часот утрово.

Членовите на спасувачката служба за да ги спасат туристите биле принудени со јаже да се спуштат во кањонот, а туристите пред да бидат спасени 12 часа поминале во ладната вода.

Турстите во кањонот Невидио се заглавиле околу 9:00 часот наутро, а полицијата била известена околу 21 часот.

За среќа, никој од туристите не е повреден, освен што биле премрзнати поради исклучително ниските температури на водата во кањонот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1