Ако е крај на светот Обама ќе се спаси – Американците имаат авион за апокалипса (Видео)


Американците направиле специјален авион во случај ако дојде крајот на светот.

Овој авион подсетува на голема летачка канцеларија каква што има и во претседателскиот авион  Air Force One.  Станува збор за адаптиран авион 747  E-4B „National Airborne Operations Center“ со кој наводно прертседателот на САД летал и по терористичкиот напад на 11.септември.boeing_e-4b-640x384

Овој авион може да издржи и нуклеарни напади, удари од астероид, како и терористички напади. Авионот може да лета со денови без да има потреба од дополнување на гориво. Меѓутоа со оглед на тоа што горивото мора да се стави додека авионот е во мирување и на копно, летот со него може да трае најмногу седум дена.

Авионот има три нивоа и може да собере 112 лица.

Иако американската Влада избегнува да зборува за овој авион, на 13-годишнината од терористичкиот напад врз „Кулите близначки“, поранешниот претседател Џорџ Буш на Твитер напиша „Еве како изгледа авионот за судниот ден. Беше језиво да се види посебно на денешен ден“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1