Драма во Велес: Ако задоцнел само една минута трите деца ќе му изгореле


Велешкото семејство Давчевски од населбата Ќерамидна остана без покрив над главата откако во саботата пожар до темел ја пеплоса неговата куќа. Огнот пламнал во саботата претпладне околу 9 часот, кога децата уште биле во кревет и спиеле. Помагале соседите и го гаснеле огнот додека не дошле пожарникарите, и покрај тоа што струјата не била исклучена, па се довеле и себеси во опасност. Благодарение на соседот Благојче, децата се спасени од огнот, кој бргу се ширел.drama-vo-veles

“Дојдов веднаш штом слушнав дека куќата се запалила. Втрчав во неа и ги извадив трите деца, кои сe уште спиеја. Ленче ја држеше најмалата ќерка в раце, и таа избега. Кога бевме надвор, на сигурно, видов дека таванот веќе гори, а од густиот чад ништо не се гледаше. Ако дојдев нешто подоцна, некоја минута, не ќе можев да ги спасам децата, толку чад имаше, што ништо не се гледаше”, вели Благојче Наумов, кој поитал да им помогне на Велибор и Ленче Давчевски.

Со негова помош, спасени се Тина, Сара, Стефан, додека мајката Ленче ја зела најмалата Ивона, тримесечно бебе, во раце. Во куќата заедно со нив живеела и мајката на Велибор. Живееле од нејзината пензија и од помошта што ја добиваат за трето дете.

Повеќе во Вест

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1