Возило на Итната медицинска помош ноќеска околу полноќ било нападнато кај Центарот за зависници во Кисела Вода и притоа е повреден возачот на возилото и скршени се стаклата на комбито.
Според информациите од Итната медицинска помош, возачот на возилото имал скршеница на раката и потрес на мозокот. Во текот на ноќта итно е опериран на Клиниката за трауматологија.
Од полицијата за МИА изјавија дека екипата на Итната медицинска помош е нападната од засега непознати лица.
Возачот, бил физички нападнат со тупаници, а докторката не била повредена.