Драма – жена скокна од тераса, мажот со бебето во раце се заканувал дека ќе се самоубие


Вистинска драма доцна попладнево се случувала во Нови Сад Србија. 42 годишна жена се фрлила од тераса а нејзиниот сопруг успеала да го спречи полицијата во обидот и тој да скокне од вториот спрат заедно со детето во раце.

503198ns-01fКако што пренесуваат српските медиум, 42 годишната Даница Р. по расправија со сопругот со намера да побегне се фрлила од терасата. Паднала на воздушен јастук кој пожарникарите го поставиле во тој момент, но и покрај тоа, заработила тешки повреди по што била префрлена во болница.
Веднаш потоа, нејзиниот 34 годишен сопруг Раде Р. излегол на терасата со 18 месечното бебе во раце и се заканувал дека заедно со него ќе се самоубие.

Во еден момент тој на кратко влегол во станот. Полицијата ја искористила шансата. Од балконот на третиот спрат еден полициски службеник се спуштил на вториот и успеал да го совлада мажот и да го спаси и него и детето.

Медиумите во Србија пишуваат дека Раде Р. имал дебело полициско досие. парот од ромска националност често се карал, а Раде во повеќе наврати бил пријавуван за семејно насилство

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1