Драмата заврши -убиена е лавицaта која побегна од кафез во Зоолошката градина во Брисел


Лавицата која побегна од кафез во Зоолошката градина во Брисел е убиена, објави „Скај њуз“.

Претходно беше објавено дека Зоолошката градина во Брисел е евакуирана откако лавицата побегнала од кафезот.

Никој од посетителите не е повреден, но зоолошката градина по евакуацијата е затворена.

Во соопштението на зоолошката градина се посочува дека инцидентот се случил кога имало само неколкумина посетители.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1