Нов закон за персонален данок на доход – еве колку ќе плаќате данок


Граѓаните со месечни примања од илјада евра ќе плаќаат данок од 10%, а оние чии примања ја надминуваат таа сума, за нив стапката ќе изнесува 18%.

На социјалните мрежи се појави дел од драфт верзијата на Законот за персонален данок на доход кој го подготвува Владата, а треба да стапи на сила од следната година.

Во приходите кои се оданочуваат спаѓаат тие, кои граѓаните ги добиваат од заработената месечна плата на работа, од самостојна дејност, од авторски и сродни права и продажба на сопствени замјоделски производи.

Дополнително ќе се даночат и добивките од игри на среќа, доходот од осигурување, капитал, капитлани добивки.

Но, ова не е единствена новина во законот.

Владата планира да ги даночи и оние кои штедат во банките, доколку бруто годишната добивка – надминува 15 илјади денари.

Од министерство за финансии велат дека ова се шпекулации кои не се базирани на факти и нема да коментираат.

МФ спроведува темелна анализа за начините и моделите на обезбедување фер даночна политика во Република Македонија.

Во моментот кога анализата ќе биде подготвена, истата ќе се презентира пред граѓаните и пред стручната јавност, со цел да се отвори јавна дебата базирана на точни податоци и факти. Министерството за финансии работи во насока на обезбедување фер даночен систем.

Инаку познавачите на проблематиката во изминатиов период беа се погласни против Владините најави да се даночат оние со примања над илјада евра. Според експертската јавност тоа би предизвикало селење на бизнисот, даночна евазија како и зголемување на сивата економија.

Според дел од нив – рамниот данок кој се воведе во 2006тата дал добар сигнал за странските инвестиции и имал одреден ефект врз сивата економија.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1