Драматичен апел од најпознатиот банкар: Светот годинава го чека нова криза


Ситуацијата во светската економија и на берзите оваа година ќе се влоши, а најтешко ќе им биде на земјите кои зависат од цените од суровините, навел во писмото до клиентите на неговата компанија “RIT Capital Partners”, Џејкоб Ротшилд, еден од најмоќните луѓе во светот.

“Во последните неколку години земјите во развој забрзано се задолжувале во девизи, а сега тие кредити им доаѓаат за наплата. Кредите растеле поради растот на курсот на доларот, а ситуацијата дополнително им го отежнува и падот на цената на сировините на светските пазари. Таквите земји, како што се Русија, Нигерија, Бразил, Казахстан, Украина, ќе бидат во многу тешка позиција”, напишал Ротшилд.kriza-svet planeta globus

Тој предвидува и дека кризата ќе порасне во целиот свет. Тој став го образложува со тоа што се уште не е извесно во која мера економијата во Кина ќе забави, како и разочарувачкиот раст на бруто општествениот производ во САД и Европската унија. Покрај тоа, на глобалната економија, според проценката на Ротшилд, негативно ќе влијае и кризата на Блискиот исток и можноста за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Црната прогноза на Ротшилд ја потврдил и Дејвид Липтон, заменик директор на ММФ, кој навел дека се шири “опасно” мислење според кое креаторите на политиката ширум светот ги исцрпиле сите опции за поттикнување на економски раст или едноставно ја изгубиле волјата, пренесува агенцијата France Presse.

За да се справат со тие проблеми, светските лидери мораат, според неговите зборови, да ги зголемат напорите и под итно да ги имплементираат структурните реформи за давање на поддршка на растот.

“Фискалната политика мора добие поважна улога во политичкиот микс”, рекол Липтон на конференцијата Национална асоцијација за бизнис економија.

“Товарот за поттикнување на економскиот раст недвосмислено паѓа на развиените земји кои имаат фискален простор за акции”, истакнал тој.

Додал и дека последните проекции на Фондот поврзани со растот можеби повеќе не се применливи, по повлекувањето на капиталот од пазарите во развој и остриот пад на глобалната трговија.

“Покрај тоа, регистриран е понатамошен раст на ризици, бидејќи нестабилните финансиски пазари и ниските цени на сировините предизвикуваат нова загриженост во поглед на состојбата на глобалната економија”, истакнал Липтон.

Lider.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1