Косовскиот функционер обвинет за воени злосторства пуштен од притвор од Македонија


Од скопскиот кривичен суд потврдија дека косовскиот функционер Гафур Дуголи е ослободен од притвор во рамките на постапката за екстрадиција по српска потерница со која Дуголи се бара за наводни воени злосторства, пишува Телма.gafur dugoli

Од судот за Телма соопштија дека кривичниот совет ја усвоил жалбата на притворениот и предметот е вратен на повторно одлучување кај судија за претходна постапка. Јавното обвинителство во меѓувреме се предомислило и за косовскиот функционер наместо 30-дневен притвор барало мерка за обезбедување присуство, односно обврска лицето повремено да се јавува во суд. Судот го прифатил тој предлог и сега му е наложено на Дуголи повремено да се јавува во кривичниот суд.

Косовското министерството за безбедносни сили, ноќеска во 1.30 часот по полноќ објави дека Дуголи е ослободен од притвор без детали дали пристигнал на Косово. Во изјавите за телевизија Шења по ослободувањето Дуголи му се заблагодарил на косовскиот амбасадор во Македонија, како и на албанските политички партии во државата за тоа што се заложиле во неговиот случај.

-Албанците во Македонија треба да бидат пообединети од било кога истакнал Дуголи во изјавата за ТВ Шења и нагласил дека условите во затворот Шутка се ужасни и лоши дури и за животни, но не се пожалил на однесувањето на затворските чувари.

Гафур Дуголи е актуелен шеф на протоколот на косовските безбедносни сили. Тој беше уапсен на Блаце на 12-ти март кога доаѓал во Скопје по американска виза во абнасадата на САД. По него е распишана потерница од Интерпол-Србија за воени злосторства спрема цивилно српско население кои тој наводно ги извршил во 1998-ма година како припадник на ОВК на планината Клечка во Косово.

Телма.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1