Вистинска драма се одиграла вчера во попладневните часови во Бор кога по получасовна агонија, полицаецот Дејан Крстиќ спаси четиримесечно бебе заклучено во автомобил.
Детето кое се гушело повеќе од 20 минути, во паркиран автомобил и без надзор, го оставила неговата мајка.
Имено, жената околу 16 часот го паркирала своето „ауди А3“ и отишла до блиската банка. Четиримесечното бебе го оставила на задното седиште, а клучот го заборавила во бравата. Кога ја затворила вратата, автомобилот автоматски се заклучил.
-Детето во автомобилот беше околу 20 минути. Ја видов испаничената мајка, која откако се вратила од банка сфатила дека клучот во оставила во бравата. Детето беше заробено внатре на висока температура. Панично, почна да повикува помош, раскажува очевидец.
Минувачките сфатиле што се случува, но не можеле да помогнат. Детето не било врзано и пропаднало меѓу седиштата. Агонијата на видно потресената жена ја прекинал полицаецот Дејан Крстиќ кој влегол во блиската месарница, зел сатар и го скршил стаклото од автомобилот и бебето го извлекол на сигурно.
Детето веднаш е пренесено во блиската болница. Бебето е вон животна опасност.