Две експлозии на аеродромот во Истанбул – 10 мртви


Две експлозија одекна вечерва на истанбулскиот аеродром „Ататурк, јавуваат турските медиуми.eksplozija-ataturk1-640x853

Според истиот извор, по експлозиите во реонот на аеродормот се слушнале истрели.

Десет луѓе се убиени во два самоубиствени напади што вечерва се случија на главниот аеродром во Истанбул, Кемал Ататурк, соопшти турскиот министер за правда.

-Според информациите со кои располагам, имаме 10 загинати и најмалку 20 повредени. Еден од терористите на меѓународниот терминал прво пукал од калашњиков, а потоа се разнел, изјави министерот Бекир Боздаг.

Според него двајца напаѓачи се разнесле во аеродромската зграда, пред да го поминат рентген системот за безбедност.

На паркингот пред аеродромот се слушнале и истрели од автоматско оружје, а патници објавија видео на кое се гледа како присутните бегаат барајќи засолниште во зградата.

Телевизијата Хабертурк објави и дека кон полицијата биле фрлени рачни гранати по што било пукано кон напаѓачите.

Една од експлозиите се случила на терминалот за внатрешен сообрачај, додека другата на мешународниот терминал.

Околу аеродормот има голем број амбулантни возила.

Турција изминатиот период беше мета на неколку напади поврзани со курдски милитантни групи или радикали од Исламската држава.
eksplozija-ataturk

Засега не се познати причините за експлозиите на „Ататурк“, кој е најпрометен аеродром во Турција.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1