Дрогата го уништи: Светскиот шампион во тешка категорија ги предаде титулите


Британскиот боксер Тајсон Фјури повеќе не е светски шампион во тешка категорија. Тоа стана јасно, откако 28-годишниот британски боксер реши доброволно да ги предаде титулите во ВБО, ВБА и ИБО категориите. Фјури беше светски првак од ноември минатата година, кога го победи речиси непобедливиот Владомир Кличко.fjuri-640x359

Токму Кличко беше оној кој неколку пати го предизвикуваше Фјери на реванш. Во септември минатата година, Кличко беше поразен, но најави дека сака реванш во брзо време. Сепак Фјури не му најде термин за втор меч.

Самиот боксер призна дека примал недозволени средства, кои му биле против депресија. Бил позитивен и на користење на кокаин. И покрај тоа што мораше да ги предаде титулите без борба, самиот Фјури најави дека ќе се врати уште посилен и повторно ќе се обиде да ги врати трофеите во негова сопственост.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1