Државата газда и на природата – го тужат зашто собира дождовница на свој имот


Многу луѓе, особено тие што живеат во приградските и руралните области, се обидуваат да живеат посамоодржлив живот, обидувајќи се што помалку да се потпираат на другите при задоволувањето на своите потреби, особено во поглед на храната. Се чини дека секоја можност за такво нешто што не ја користиме е пропуштена шанса и вистинска штета зашто дури и градските жители им се радуваат на своите балконски градини со домати.

Но, еден жител на Орегон е казнет токму затоа што искористил можност што му ја понудила природата. Гери Херингтон поседува имот од 70-ина хектари во јужен Орегон и на својата земја изградил три брани со кои полни три езерца (резервоари), собирајќи дождовница и вода од растопените снегови за наводнување на своите посеви, но и како резервен басен за пожарникарите. Kога резервоарите се полни, вишокот вода се излева од браните и продолжува по природниот пат. Поради ова, државата го обвинила по девет точки за незаконско користење на водата.

3EF67E580F2EDE4BB7C91738846B13D1

Уште во 1973 година, Гери побарал од локалната владина канцеларија сертификат за вода, кој му овозможува законски и официјално да собира вода на својот имот. Му било речено дека му е потребна дозвола како предуслов за добивање на сертификатот, а бидејќи со собирањето дождовница како што предлагал не се квалификувал, односно не му била потребна дозвола, документот не му бил издаден. Но сега истата влада го тужи затоа што го нема сертификатот за кој претходно му рекла дека не му е потребен (и одбила да му го издаде). Проблемите почнале во 2002 година, кога било назначено ново владино тело за водите. Знаејќи за системот за собирање вода на Гери, државата се премислила и во 2003 година му ги издала потребните дозволи. Минатата година дозволите му биле укинати цитирајќи закон од 1926 година, во кој се вели дека градот ги поседува сите „основни извори на вода“. Уверен дека е тоа неправедно, Гери не ги онеспособил браните и не се ослободил од насобраната вода, по што од државата добил условна казна поради наводни шест прекршоци според Законот за вода на Орегон и обвинение за избегнување на јавниот водоводен систем. Гери потоа ги отворил браните, но набрзо повторно почнал да собира вода.

dozd cador

Еден од природните резервоари на Гери е порибен за исхрана и семејството го користи за рекреација, но тој великодушно им го отстапил на властите при гаснењето на пожарите во околината. Локалните и државните агенции не само што ги користат неговите резервоари за гаснење пожари туку Гери им помага во нивното одржување за таа цел. Локалната противпожарна служба испратила писмо до судијата во случајот на Гери барајќи да му дозволат овој скапоцен извор на вода да остане недопрен, но без ефект зашто, според законот, „ако дождовницата не се собира на вештачка, непорозна површина, како покрив, потребна е државна дозвола за нејзино собирање.“

Ставот на Орегон е дека водата е јавно поседуван ресурс, а, од друга страна, не издава дозвола за дождовницата, зашто нема потреба од тоа. Медиумите само долиле масло во огнот пишувајќи дека резервоарите на Гери се незаконски, а судијата им забранил на поротниците да ги земат предвид доказите на тужениот за „да немаат предрасуди при одлучувањето“, иако основната цел на поротата е да ги слушне и види сите докази за да може да донесе одлука.

На Гери веќе му е преку глава од целиот судско-законски хаос и вели:

– Kога е нешто погрешно, јас како Американец мора цврсто да застанам и да речам: Ова е погрешно. Вие веќе не можете, едноставно, да ми ги земате моите права и ќе се борам со вас за нив.

За хаосот да биде поголем, Гери добил наредба да ги испразни резервоарите, а логиката зад оваа одлука, според него, се граничи со криминал зашто тоа се педесетина илјади кубни метри вода залудно потрошени додека низ северозападниот дел од земјата беснеат пожари.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1